Помеѓу тагата и хуманоста: Бубрезите на Дејан спасија двајца браќа од Куманово (ФОТО)


Во најголемата болка и тага за загубениот живот донесоа одлука да бидат хумани.  Нивниот Дејан не преживеа по тешката сообракајка пред десетина дена во Ѓорѓе Петров.

semejstvo bubreziЕден ден по несреќата  35 годишниот скопјанец почина на КАРИЛ.

Имаше мозочна смрт, но органите му беа здрави. Во моментите на големата трагедија  семејството Јованоски  ја покажа хуманоста да се спасат други два животи. Родителите, сопругата и сестрата одлучија бубрезите на нивниот близок да бидат подарени.

-Многу голема беше болката и кога кажаа дека Дејан веќе нема спас јас во тој момент реков нека се спасат други два животи бидејќи имам две дечиња, едното има 10 години, другото машкото има 4 години, раскажува за Сител Билјана Јованоска, сопругата на Дејан.

Бубрезите на Дејан  ги спасија животите на двајца браќа од Кумановско Проевце  29 годишниот Даниел и две години помалиот Бобан. Неколку дена по трансплантацијата Сител разговараше со нив на Клиниката за Урологија. Среќни се што повторно имаат бубрег.

dejan

-По свеж сум, бубрег си е бубрег, Сваќи дан по болници сум ишол од 9 до 3 – вели Бобан Станковски.

Браќата откако разбрале дека им откажала функцијата на нивните бубрези копнееле некој да им донира орган. Но никој од нивните најблиски не бил сроден донор.

bubreg donacija

По информацијата дека има бубрези од кадавер кои одговараат на браќата  директорот на Урологија за еден час го собрал тимот за трансплантација.

Целата постапка за вадење и пресадување на бубрезите  траела 8 часа.

Нема повеќе да одат на дијализа и со часови да бидат покрај апаратите за прочистување на крвта. Даниел же поминува повеќе време со едногодишната ќерка, а Бобан ќе шета со другарите.

Браќата Станковски не се познаваат со семејството Јованоски, но имаат голема желба да се сретнат и да им се заблагодарат за дадената шанса за нормален живот.

Сестрата на Дејан вели дека нејзините и покрај големата загуба донеле правилна одлука. Ги повика сите кои ќе се најдат во иста ситуација да помогнат и да спасат друг живот.

По повеќе од 20 години во Македонија повторно заживеа трансплантацијата од починат донор. Покрај браќата од кумановско Проевци бубрег од кадавер добија уште 4 други лица.

Извор: Сител

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1