Помина опасноста од сателитот „Гоце“ кој синоќа се распрсна откако влезе во атмосферата, а ситни делови од него паднаа во океанот.
Директорот на Европската вселенска агенција (ЕСА) за вселенски отпад, Хајнер Клинкард, во извештајот објавен на интернет страницата на Агенцијата наведе дека станиците за следење на движењето на сателитот последен пат оствариле контакт со сателитот синоќа во 23.42 часот, додека се наоѓал на околу 121 километар над Антарктикот.
„Се проценува дека повторен влез во атмосферата сепак „преживеале“ 25 проценти од сателитот, кој првично бил со големина на автомобил, а отпадот најверојатно е завршен во океанот, истакна Клинкард.