Домашна помошничка од Бангладеш , која работи во Саудиска Арабија објави на социјалните мрежи порака за помош во која вели дека газдите ја малтретираат и сексуално ја злоставуваат , а меѓу методите им биле и горење со жешко масло и врзување.
Како што пишува Дејли Меил, жената на социјалните мрежи објавила видео , кое тајно го снимила , а во кое низ солзи раскажува за своето тешко искуство со саудиските газди.
На снимката таа вели дека очајно сака да се врати дома,зашто била нападната, изгладнета и затворена 15 дена.
По оваа објава, Бангладеш побара таа да се врати од Саудиска Арабија. Жената го објавила видеото на Фејсбук, каде е споделено илјадници пати, обвинувајќи ги нејзините газди за безмилосен сексуален напад. Таа дури и ги покажа рацете целите со лузни.
„Можеби нема да преживеам. Ве молам, спасете ме. Ме затворија 15 дена и едвај ми даваат храна за тоа време. Ми ги гореа рацете со врело масло и ме врзуваа “, рече 25-годишната жена.
Нејзината објава предизвика протести во главниот град на Бангладеш, Дака, против лошите услови за работа.
„Ме носеа од една во друга куќа. Во прво време ме мачеа и тепаа повеќе пати, а потоа ме однесоа во друга куќа, каде го сторија истото. Не верувам дека ќе преживеам. Мислам дека ќе умрам овде. Ме тепаа и измачуваа. Ве молам, спасете ме, извадете ме од тука “, вели младата жена низ солзи.
Невладина организација во Бангладеш, обидувајќи се да ја донесе дома, рече дека 25-годишната жена сè уште живее со својот работодавец во Џеда и дека и го земале мобилниот телефон откако ја снимила видео пораката.
Од 1991 година, околу 300.000 жени од Бангладеш отпатувале на работа во странство.
Владата на Дака минатата недела ја повика државната агенција за труд да ја врати оваа жена што е можно поскоро.
Нејзиното семејство во Бангладеш се обидува да стапи во контакт со неа, но велат дека не успеале.