Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при вчерашната посета на Охрид доби чибук со Охридски Бисер и манжетни.на подарок, а за неговата сопруга Сузан беше подготвен ѓердан и обетки од истиот македонски бренд.
Овие подароци тие ги добија од семејството Филеви кои го изработуваат препознатливиот Охриски бисер.
„Се запознаа со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает, како посебен културен елемент на Охрид“, откри изработувачот Михајло Филев за Гласот на Америка.
Помпео вчера имаше средби со македонскиот државен врв и нагласи дека Македонија е на вистинскиот пат и дека САД уште повеќе ќе ја засили поддршката..