ПОМРАЧУВАЊЕ НА СОНЦЕТО: Кога ќе почне и каде ќе може да се види?


Целосното помрачување на Сонцето кое ни се доближува – најголемо во Европа од 1999 – ќе блокира повеќе од 90 одсто од Сончевата светлина над некои делови од Европа а ќе се случи на 20 март и ќе трае околу два часа.zatemnuvanje na sonceto

Како што ќе напредува помрачувањето, така ќе се намалува и температурата. Небото ќе станува се потемно, а светлината која ќе биде присутна ќе има чудна боја. Сонцето ќе исчезне а видливи на небото ќе се Венера, Марс и Меркур.

Почетокот може да се очекува во 8:25 часот во Лондон, а ќе заврши во 10:41 часот.  Од Скопје 43,5 проценти од дискот на Сонцето ќе бидат затемнети, и тоа во 10.45 часот на 20 март

– Затемнувањето во Скопје почнува во 9.37.56 часот, максимумот ќе биде во 10.45.10 ч., а завршува во 11.56.34 ч., или вкупно ќе трае околу 2 часа и 20 минути од почетокот на прекривањето на дискот од Сонцето од страна на Месечината, па сѐ до последниот нејзин контакт со дискот на Сонцето. Ова затемнување најубаво ќе можат да го видат жителите на Фарските Острови и островите Свалбард, каде што ќе се гледа целосно затемнување на Сонцето, а целата патека на тоталитетот ќе биде низ Атлантски и Северен Леден Океан .

Ова помрачување, е резултат на поминувањето на Месечината помеѓу Земјата и Сонцето, и би можело да предизвика проблеми во соларното напојување – може да го следите со користење на специјални наочари. Доколку ги немате, ќе ви биде оштететен видот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1