Пониски температури – еве што велат метеоролозите за времето денес


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер кој долж Повардарјето повремено ќе засилува, а ќе има и појава на дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 24 до 30 степени.prolet drvo sonce

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Северниот ветер кој ќе почне да дува од утре ќе потрае и во следните денови, а нестабилно и посвежо за три до пет степени ќе биде и во петок. И во петок нестабилноста со пороен дожд и грмежи ќе биде позастапена попладне и кон јужните и источите делови од земјата, а во моментите на пороен дожд ќе дува повремено засилен ветер. Нестабилноста во сабота ќе слабее и ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност, а во недела времето ќе биде убаво, но малку посвежо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1