Понуда на брак преку билборд – и тоа девојката во долен веш (Фото)


Извесен Мариос Панајоту (30) од Лондон на својата девојка Мишелина-Лусија Салерно и понуди брак преку огромен билборд со нејзина фотографија во долна облека, објави лондонскиот весник „Дејли Меил“.

bilbord brakПовеќето жени би биле преплашени доколку нивниот избраник се реши да објави нивна фотографија во долна облека на џамбо плакат на прометна улица, но Мишелина-Лусија Салерно беше воодушевена од ваквата идеја, наведува весникот.

Иако, во првиот момент кога го видела билбодот 28-годишната Салерно била шокирана, сепак откако си „дошла на себе“ со задоволство ја прифатила понудата.

– Навистина бев изненадена. Не ни помислував дека моето запросување ќе изгледа вака. Кога дојдовме пред билбордот тој клекна пред мене на колена и ми понуди брак. Му одговорив поврдно. Луѓето застануваа, не поздравуваа и не фотографираа, изјави Салерно за весникот.

Во изјавата за „Дајли Маил“ Салерно признава дека и се допаѓа билободорт и дури ќе и биде помалку жал кога нејзината фотографија ќе биде отстранета.

bilbord brak

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1