Конзулот на Македонија во Истанбул направил список на заинтересирани граѓани, „заглавени“ во Истанбул, за враќање во Македонија преку Монтенегро Еирлајнс.
Но после вчерашната одлука на Владата , сите граѓани кои се наоѓаат надвор од границите на Македонија, по враќањето задолжително да престојуваат 15 дена во т.н. државен карантин, ниту еден од тие заинтересирани граѓани не се качил на тој лет!
Прашањето кое сега се поставува е дали овие граѓани се свесни за потенцијалната опасност во која ќе ги стават своите најблиски при нивното враќањето во нашата земја, и уште поважно – дали ќе бараат и најдат „алтернативни“ влезови во Македонија, се со цел да го избегнат задолжителен карантин?
Денес Владата ќе одржи нова седница на која ќе присуствуваат еминентни епидемиолози , на која ќе се размотрува опцијата за прогласување на полициски час