Попладне нè очекува големо невреме


Пообилни врнежи од дожд денеска, а утре на повеќе места и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 60 километри на час, најавува Управата за хидрометерололошки работи.

nevreme dozd 11Пообилни врнежни повторно ќе има во северните и западните делови на земјава, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на квадратен метар, а не е исклучена ниту можноста за изолирана појава на град.

Во наредните денови ќе преовладува умерено облачно и малку посвежо време, локално со услови за краткотраен дожд.

Во случај на појава на грмежи се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1