Попладне пороен дожд и грмежи


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.dozd cador

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со повремено засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Во четврток највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 7.

Од петок следува период на стабилно и топло време. Дневните температури ќе бележат пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1