Попладне пороен дожд и грмежи


Попладнево и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.

Оттаму посочуваат дека утре кон крајот на денот се очекува на повеќе места да има поизразена нестабилност која ќе биде проследена со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со појава на град, наместа процесите ќе бидат изразени и во форма на невреме.

В четврток ќе дува засилен северен ветер и од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба.

Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1