Попладнево големо невреме во Македонија


Во Македонија попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата.

Температурата ќе биде од 28 до 35 степени, а УВ индексот 7.dozd_1_7

За утре, УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на кратотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западните и јужните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 37 степени.

Во следниот период  Македонија ќе биде под влијание на реалтивно влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови времето во поголемиот дел да биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови со локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни на планините во западните и јужните делови. Темпаратурите нема значително да се менуваат, највисоки ќе бидат во четврток, од 31 до 38 степени, а за време на викендот пониски, од 28 до 35 степени.

Во почетокот на идната недела, температурите повторно ќе бидат во благ пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1