Жива и здрава одлучила дека е време да умре – побарала еутаназија, еве зошто


Потполно физички и психички здрава медицинска сестра која била во пензија, го завршила својот живот во Швајцарија во клиника за еутаназија бидејќи не сакала да биде “старица која го зазема креветот во болница“.

Џил Фаро пред смртта објаснила дека е “подготвена да умре“ иако не е неизлечливо болна.

smrt pogrebno kovceg

Таа, 75-годишна мајка на две деца напишала дека “мора да го направи ова додека е при чиста совест“ и додека е способна да живее без туѓа помош, бидејќи се плаши “нејзините сакани да не бидат компромитирани поради неа“.

„Напишав проштално писмо и го средив својот живот, и се надевам дека успеав да заминам колку што е можно понезабележливо. Да можев без да се кријам да ја закажам смртта, ќе направев проштална забава, така како што тоа го прават некои луѓе во Швајцарија или други места“ – објави Џил на својот блог.

„Исто така сигурна сум дека нема да бидам старица која зазема кревети во болниците, а тоа и на здравствениот фонд ќе му заштеди многу пари“ – напишала Џил.

Госпоѓата Фаро, од северен Лондон, на 21 јули отишла во клиниката „LifeCircle” во Базел на закажаното “самоубиство“.

„Цел живот се грижев за старите лица и секогаш си говорев самата на себе дека никогаш нема да остарам. Мислам дека староста воопшто не е забавна“ – навела Џил.

Таа со својот маж Џон ја имала последната вечер пред смртта и го организирала својот погреб без религиозни и црковни ритуали.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1