Поради невремето и обилните дождови в моентов сите подвозници во Скопје не се проодни, а сообраќајот се пренасочува.
Полицијата информира дека има пријави за заглавени возила во кои имало и деца, пренесува Прес24.
Покрај заглавените автомобили, поголем број граѓани од центарот на Скопје пријавуваат избивање на фекалната канализација во центарот на градот, односно поплавување на нивните куќи и станови.
За среќа нема информации за повредени.