Поплави и се закануваат на Македонија – се излејаа неколку реки


Реката Пчиња веќе се излеа кај кумановско Пелинце, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

rekaТие веќе однеле 1.000 вреќи со песок на тој потег, а исто толку веќе се распоредени и по течението на реката Кумановка, за која постои опасност од излевање кај местото Средорек.

Поплави има и во Кочанско, а водата е веќе прелеана во оризовите полиња. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги следат состојбите со водотеците и дека се подготвени да интервенираат и помогнат.

Според УХМР, од утре ќе настапи табилизирање на временските прилики, повисоки температири и престанување на врнежите од дожд и снег. Тоа уште повеќе може да ја зголеми опасноста од зголемување на нивото на водата по реките, затоа што ќе почне топењето на новите снежни наноси, особено по планините во западниот дел од земјата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1