Поплави и во Македонија – се излеа Ратевска река


Десетина хектари ниви и ливади се поплавени, откако се излеа Ратевска река кај месноста Фарија, во атарот на село Владимирово.

poplave-u-naselju-medakovic-foto-facebook-1400077805-496309Поплавата оштети ниви и ливади на 13 земјоделци, кои поднеле барање до Советот на општина Берово за чистење на коритото на реката. Ова барање на земјоделците било усвоено и ставено во програмата.

Од Дирекцијата за  заштита и спасување велат дека оваа операција не е извршена поради доцнење на доставата на нафта од стоковните резерви.

Земјоделците од Владимирово чии површини се поплавени, најавија оштетно побарување, за кое Советот на општина Берово ќе расправа на наредната седница, што е закажана кон крајот на месецов.

– Поради обилните дождови не бевме во можност да ја извршиме пролетната сеидба, а со излевањето на реката ќе останеме и без сено од ливадите, па затоа очекуваме помош од надлежните институции, изјави Кире Свинарски, земјоделец од Владимирово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1