СТРАШНО ВО ОБРЕНОВАЦ – СПАСУВАЧИТЕ НАИДУВААТ НА МРТВИ ТЕЛА


Драматично обраќање на Предраг Мариќ, началник за вонредни ситуации во Србија. На прес конференцијата во Владата на Србија информираше дека ситуацијата во Обреновац е страшна. Без да го прецизира бројот на жртвите, рече дека при евакуација на загрозените од поплавите, почнале да наиудуваат и на мртви тела. Предупреди дека и покрај натчовечките напори, невозможно е спасувачките екипи да стасаат до сите на кои им е потребна помош.

poplava_obrenovac_zgradaДосега се евакуиранини над 4000 луѓе, но помош бараат многу повеќе. Состојбата утринава станала исклучително драматична, бидејќи насипите на реката Сава се пробиени во должина од сто метри. Предупреди дека денеска се очекува голем поплавен бран. Мариќ информираше дека нивните спасувачки екипи со чамци и хеликоптери ги извлекуваат прво оние што се во куќи со еден кат, деца, жени и стари и болни, а потоа другите што чекаат на спратовите од куќите.

Тој се заблагодари на сите доброволци, кои ги има во голем број, а посебно на руските спасувачки тимови, кои според него, прават натчовечки напори. Според Мариќ,русите дури и пливаат по надојдените води, за да ги спасат луѓето. Мариќ рече дека е добродојдена помошта и на Словенците, кои со две огромни пумпи помагаат за испумпување на водата од најзагрозените подрачја. Апелираше да се донираат храна, вода и облека бидејќи има села до кои дошле првпат по три дена, како на пример во Крупањ, каде затекнале страотна слика. Со земја се срамнети стотици куќи.Таму луѓето буквално немаат ништо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1