Поплави во Москва, спасени стотици луѓе


Делови од Москва се поплавени откако во рускиот главен град наврна дожд незабележан во изминатите неколку децении, при што стотици луѓе мораа да бидат спасени, јавуваат руски медиуми.Russia Flooding

Во Москва дождот почна да врне синоќа, а во текот на целиот денешен ден не престанува. Според властите, досега наврнале 80 мм дожд, што е количина која обично се регистрира во еден месец. Со тоа е надминат рекордот од 1970 година.

До пладне во московската Управа за справување со поплави се упатени повеќе од 350 повици.

Во поплавите не е регистрирана ниту една жртва.

Испратени се околу 500 возила за спасување граѓани. Метеоролозите најавуваат дека дождот ќе врне во Москва се до утре попладне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1