Девет лица се блокирани во поплавена пештера во Романија, а во тек е спасувачка акција, пренесува БТА.
Спасувачките екипи се испратени во пештерата Худа Луи Папара на планината Траскиу, која е дел од Западни Карпати.
Девет лица останале блокирани денеска попладне во пештерата, откако поројниот дожд предизвикал бран, кој го поплавил влезот и внатрешноста на пештерата и луѓето не можат да излезат, соопшти Инспекторатот за вонредни ситуации во округот Алба. Двајца од блокираните се искусни спелеолози.
Конфигурацијата на пештерата овозможува луѓето да се засолнат внатре, рече портпаролката на Инспекторатот Алина Мареску. Досега, сепак спасувачките екипи не воспоставиле врска со блокираните лица.