Поради поплавите во повеќе општини во Србија е прогласена вонредна состојба, јавија српски медиуми.
Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Ивањица, Бајина Башта, Краљево, Рача, Рашка, Нови Пазар и Љиг.
Во општината Рача доцна синоќа е прогласена вонредна состојба поради прекинот на сообраќајот на магистралниот пат кај селото Наталинци и Сепца.
Во населбата Грдац во Краљево синоќа се евакуирани 400 лица, кои се сместени во локалното училиште.
Српскиот Републички хидрометеоролошки завод издаде предупредување дека во јужните и источните делови на земјата денеска се очекуваат поројни дождови, од 20 до 40 литри на метар квадратен, а во југоисточна Србија и повеќе.
Српскиот министер за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ донесе одлука за ангажирање на припадниците на српската војска во пружање помош на надлежните органи на локалната самоуправа во поплавените подрачја и за поддршка на Министерството за внатрешни работи.