Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој од неодамна е и вицепремиер во Владата, во интервју за 24 Вести ја отфрли можноста да го наследи Никола Груевски на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.
– Мислам дека нема никаква причина за таква дискусија, воопшто, било кој да го наследи, бидејќи тој е лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – рече Попоски.
Одговорот доаѓа како одговор на прашањето, дали Попоски е можен нов партиски лидер на владејачката партија.