ПОПОСКИ СО АНАЛИЗА: ОЧЕКУВАМЕ НАГОЛ СКОК НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОД ЕСЕНСКИ НА ЛЕТНИ


Циклонот БРУНО во поголем дел од државава температурите на воздухот ги спушти дури за околу па и за повеќе од 10тина степени и услови врнежи, грмежи и локално невреме.

Сепак во текот на денешниот празничен ден ќе имаме повеќе сончеви периоди и помалку облаци над Македонското небо, односно времето ќе биде сончево со умерена облачност а ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен северен ветер додека претежно во источната половина од државава ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Максималните температури на воздухот ќе бидат во пораст и најмногу ова ќе се осети во северната половина на државава каде и најмногу се осени освежувањето на времето и падот на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Температурите ќе бележат тенденција на пораст и во текот на следните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Услови за локална нестабилност повторно ќе има особено во петок.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1