“На Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, на основа на неплатени придонеси субјектите му должат негде околу 10,8 милијарди денари. Во оваа цифра влегуваат сите правни и други супбјекти, трговци поединци, земјоделци, оџи и попови“, рече Незири.
Тој ја најави законската измена со која сите оние кои до 31.12.2008 година не ги подмириле своите обврски за придонеси, ќе може до 31-ви мај да аплициираат за отпишување на каматата, со што ќе треба да ја платата само основната главнина.
Како што објави Дневник Вкупно 52 милиона евра на име камати за неплатени придонеси ќе им отпише Фондот за пензиско и за инвалидско осигурување (ПИОМ) на должниците кои на ова институција ~ должат повеќе од 100 милиони евра за неплатени придонеси. ПИОМ ќе се откаже од каматите за да си ја наплати главницата на натрупаниот долг за пензиски придонеси на граѓаните и на фирмите до 2009 година.
Ваква поволност ќе добијат сите што до крајот на мај ќе поднесат барање за отпис, а основниот долг ќе го платат за шест месеци, односно до крајот на ноември. Најзасегнати се свештениците кои се всушност најголемите должници кон Фондот. Долгот на поповите е 69 милиони денари или околу 1,12 милион евра. Долгот на оџите е нешто поголем, односно 1,38 милион евра. Повик да си ги регулираат обврските денеска до сите свештеници ќе упатат и поглаварот на Македонската православна црква г. Стефан и претседателот на Исламската верска заедница реиз Сулејман Реџепи.