Поповите позајмуваат пари од верници да си платат придонеси – МПЦ вели нека си се снајдат


Морав да позајмам 70.000 денари од народот за да го платам долгот од 138.000 денари за придонесите. Нешто пари позајмив од татко ми, а остатокот е од она што јас го имав заштедено. Kога и како ќе им ги вратам парите, не знам. Нашиот храм нема пари, а како и ќе има, кога во четирите села што ги опслужувам како свештеник годинава имав само десет венчавки и петнаесетина крштевки. Опустуваат селата и со тоа ние како свештеници осиромашуваме – вели за Дневник свештеникот Стојан Kржовски од село Соколарци во општината Чешиново-Облешево.

popoviГолем број свештеници, но и имами на Исламската верска заедница, деновиве ќе се соочат со блокада на своите сметки поради неплатените придонеси, најмногу за пензиско осигурување. Според сознанијата, долгот на поповите е околу 1,12 милион евра, а на оџите е малку поголем, односно 1,38 милион евра за периодот до 2009 година. Причината е тоа е што тие со години не ги уплатувале задолжителните придонеси, кои месечно изнесувале 3-4.000 денари. Најголемиот број свештеници што должат работат во селски парохии, во кои нема многу жители и кои се со поскромен стандард. Наспроти нив, помали проблеми имаат свештениците што работат во градовите, каде што приходите се повисоки.

– Ако не позајмев и не платев, ќе морав да ја платам и насобраната камата од 1.200 евра. Се ослободив од неа, но не и од целиот долг. Сега должам за придонесите од 2009 година наваму. И за нив не знам што ќе правам – рече тој и додаде дека барал помош и од Брегалничката епархија, но и од таму му одговориле дека немале пари.

Речиси исти проблеми имаат и имамите од ИВЗ, кои, како и православните свештеници, не се вработени, туку имаат статус на „трговци-поединци“ и се издржуваат од приходите што ќе ги добијат од џамиските одбори.

Свештениците и имамите што должат пари за придонесите прво треба сами да се снаоѓаат. Ако не можат, ние ќе се обидеме да им помогнеме – ни изјавија во двете најголеми верски заедници во земјава за проблемите на нивните верски службеници.

– Добар дел од нашите свештеници добивале приходи во храмовите каде работат и кои треба да им ги плаќаат придонесите. Но, тие сами изјавувале дека повеќе сакаат да добијат пари отколку да им се платат придонесите. Ако парохијата била сиромашна и немало приходи, требало да побараат помош од владиката и тој ќе им помогнел –  изјавија во МПЦ-ОА.

Повеќе на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1