Популарна пекара во центарот крадела струја


Екипите на ЕВН Македонија открија скандалозна кражба на струја. Се работи за еден од популарните дуќани за бели пецива во строгиот центар на градот во кој во специјално заѕидан – маскиран простор било направено премостување на каблите или наречен „бајпас“, со што струјата која ја троши не се регистрира во целост, јавува Прес24.

krazbi-dukan-na-beli-peciva-sliki-3Со ова корисникот го прекршил законот, ја оштетил дистрибутивната компанија, а ја оштетил државата за процентот на ДДВ, а ги довел во опасност и животите на вработените и муштериите, бидејќи најчесто на местата каде што се краде струја опасноста од пожари е голема. С

о оваа кражба, корисникот плаќал десет пати помалку за потрошена електрична енергија односно наместо потрошените над 50 000 денари, плаќал само 5 000.

Притив корисникот е поднесена кривична пријава. Овој корисник може да заработи и затворска казна,  каква што веќе судот пресуди за неколку крадци на струја од Скопје. Од ЕВН не го коментираат случајот само потенцираат дека кражби на струја регистрираат и кај домаќинствата и кај бизнис корисниците и дека имаат еднаков третман за сите кои го кршат законот.

Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1