Попусто го чуваш гробот, стражо – тој не може да го задржи самиот Живот – Велика сабота


Денот на Христовото воскресение Велигден е не само најголем, туку и најстар христијански празник што се празнува од вториот век. Тој е суштината на христијанството, потврда и на самата вера зашто како што рекол Свети апостол Павле: „Ако Христос не воскреснеше тогаш празна е нашата проповед, празна е и нашата вера“. Затоа на Велигден пееме: „Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на сите што беа во гробовите живот им подари“.

Попусто го чуваш гробот, стражо,
Зашто тој не може да го задржи самиот Живот.

voskresenie-hristovoВо светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Четириесетница е поголема од сите други денови, а од неа, пак, е поголема оваа света и Велика седмица; а од Великата седмица повторно најголема е оваа света и Велика сабота

Впрочем, Словото Божјо со телото слезе во гробот, а во адот се спушти со Својата нераспадлива и божествена душа која во смртта се раздели од телото и ја предаде во рацете на Отецот, Кому ја принесе и Својата крв, а која е нашето спасение, иако Он немаше потреба да го бара тоа.

Јосиф, откако го симна светото тело на Господа, Го погреба во нов гроб, близу во градината, и на влезот од гробот стави огромен камен, бидејќи Јудеите, по петокот, отидоа кај Пилат и му рекоа: „Господару, се сетивме дека оној измамник, додека беше жив, рече: По три дена ќе воскреснам. Мислиме дека е добро твојата власт да и нареди на војската да го чува гробот”. Пилат одговори: „Ако е измамник, тогаш зошто се грижите за неговите зборови додека бил жив, бидејќи тој, ете, несомнено е мртов?” Кога Пилат наредил, тие самите поставиле војничка стража и грижливо со печат го утврдиле гробот, за да не можат да речат, со клевети, дека воскресението на Господа се случило без стража и без печати, со измама.

Но Исус како и што рече – на 3 ден воскресна – победа на животот над смртта

krajno-smirenieМалку пред 12. час, ноќта на Велика Сабота се служи Полноќницата. Своштеникот ја симнува Плаштаницата од гробот, ја внесува во олтарот преку Царските двери и ја сместува на престолот, каде што останува 40 дена, до Вознесувањето Господово.
На полноќ започнува Воскресната литија. Народот излегува од храмот пеејќи:
Ангелите на  небесата  пеат  за Твоето воскресение, Христе Спасе наш. Удостој не и нас на земјава, со чисто срце да Те славиме.

Поворката го обиколува храмот и се враќа кон неговите затворени врати. И тука свештеникот свечено го објавува Христовото Воскресение (понекогаш се чита Евангелието кое раскажува за празниот гроб). Потоа тој извикува: Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Неразделна Троица,
Нека воскресне Бог, и нека се развејат непријателите Негови, и нека бегаат од Неговото лице тие што го мразат.
Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја уништи, и на сите во гробовите им подари живош (топар).
Ова е ден што го создаде Господ, да се радуваме и да се веселиме во него!

Народот повторно влегува во храмот и велигденската Утрена продолжува. Храмот е украсен со цвеќа и осветлен, свештениците се облечени во најсветли и најубави одежди. Повторно и повторно, свештеникот извикува: Христос воскресна! и секој пат народот му одговара: Вистина воскресна!

veligdenНа Велигден ранонаутро сите одат во црква за да чујат „Христос воскресе“ и да се причестат. По литургијата во црквата, се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

Уште ранонаутро децата убаво облечени одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Особена радост претставува обичајот со кршкање со јајцата. Притоа тој чиешто јајце ќе победи, му го зема (му го печали или типосува) јајцето на другиот, чиешто се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1