Поради дефект или неплатени сметки 300 домаќинства останаа со ладни радијатори


Неплатените сметки за струја и дефектите во зградите, причини поради кои мал дел од граѓаните се со ладни радијатори, велат од Бег. Како и секоја година така и оваа на почетокот на грејната сезона, дел од граѓаните не можат да уживаат во топол дом, јавува Сител.

parno

Околу 300 домаќинства  немаат парно- дел поради сметките за струја кои не ги платиле поради што не се вклучени базните станица, а дел имаат дефекти кои се санираат. Во сите институции греење има, оние кои привјавиле дефекти веќе се санирани.

Според  компанијата грејната сезона  почнала успешно.  И од ЕЛЕМ велат дека засега немаат проблеми околу испорачувањето на топлинска енергија до нивните корнисици. Таму каде имало мали пречки во испораката биле испратени екипи и санирани дефектите .

Според статистиката на БЕГ досега околу 10 000 граѓани го исклучило парното греење,  600 тини кои го откажале повторно се вратиле на мрежата. Сепак и оваа зима најголема е бројката на семејства кои ќе се греат на дрва- околу 130 000.

55 000 семејства  го користат градското парно.  Оние кои го откажале пак, најчесто се греат на струја-  користат клима уреди, електрични панелки и термо печки.

Грејната сезона почна пред 10 дена- од 15 октовски и треба и трае до 15 март.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1