Само три минути беа потребни за да се направи целосна збрка на Вол Стрит.
Профилот на Асошиејтед Прес на Твитер беше хакнат и злоупотребен за да се створи паника. Во твитот беше напишано дека имало две експлозии во Белата куќа и дека Обама е повреден.
За три минути откако беше објавен твитот, беше предизвикан пад на вредноста на индексот 500 од 150 поени, а во пари се проценува дека загубата е 136 милијарди долари.
По откивањето, нападот бил блокиран а берзата вратена во нормала.