Поради градежни работи се рушат згради – еве кои улици ќе бидат затворени


Улицата Даме Груев во строгиот центар ќе биде проширена за две коловозни ленти во обете насоки, на потегот од трговскиот центар „Палома бјанка“ до зградата на Собранието. Има 95% напредок во преговорите меѓу градската власт и Мите Јовановски, сопственикот на зградата, која му пречи на проширувањето и чиј дел мора да се урне.

Ќе се сече еден катvvcjksweqqe

Зградата, која ќе се урива во еден нејзин дел и ќе биде предмет на обесштетување од градскиот буџет, е седиште на поранешен „Макотекс“. Се наоѓа на раскрсницата на „Даме Груев“ со пешачката улица Македонија и нејзиниот пасаж му пречи на идното проширување.

– Точно е дека имаме напредок во преговорите, можам да кажам дека 95 отсто од работите се договорени. Останува да најдеме заеднички јазик и за преостанатите. Во секој случај, се уште се е начелно, немаме потпишано ништо конкретно – изјави Мите Јовановски, сопственик на зградата и на компанијата „Макоил“

Според градската власт најверојатно ќе одат на уривање на еден кат, конкретно на првиот кат, а остатокот на објектот ќе се држи на потпора под која ќе минуваат автомобилите, пишува Дневник.

Таа варијанта е една од трите предложени решенија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), како безбедна варијанта со која нема да се наруши статиката на зградата. Фирмата „Гео инг МK“ изработува нацрт-решенија за решавање на проблемот со оваа зграда

– Сопственикот ќе добие соодветно обесштетување – изјавија од Градот.

Проширувањето на сметка на паркиралиштата

Проширувањето на „Даме Груев“ е важно за градската власт, бидејќи до трговскиот центар „Плаза“ се гради катната гаража „Тодор Александров“, а улицата ќе служи за примање на сите возила што ќе гравитираат кон неа.  За Градот е уште поважно тоа што е замислена како улица со четири коловозни ленти, која ќе прими дел од сообраќајот од улицата Димитрија Чуповски, попозната како „Рекорд“. Поточно, на „Чуповски“ ќе се забрани автомобилскиот сообраќај и ќе стане делумно пешачка зона, односно по неа ќе се движат само трамвајот и евентуално автобуси од јавниот превоз. Но, за тоа градската власт допрва ќе одлучува и ќе нарачува проект.   Според замислата на Град Скопје, „Даме Груев“ ќе биде булевар со четири ленти, по кој сообраќајот ќе се одвива во две насоки. Моментно улицата е еднонасочна.  Новите две ленти ќе се градат на сметка на паркиралиштата пред кулите и зградите на Градски ѕид. Проблемот со возилата на станарите ќе се реши со паркирање во катната гаража „Тодор Александров“, која има две нивоа под земја и седум над земја, со капацитет за 605 автомобили.

Со реализацијата на овој проект, „Мал ринг“, од Стара чаршија до Музејот на Скопје и од Портата до „Палома бјанка“ ќе биде пешачка зона

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1