Министерството за внатрешни работи информира дека во пресрет на претстојните Велигденски празници ќе преземе низа безбедносни мерки и активности за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста на објектите и на граѓаните.
„Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата“, се наведува во соопштението