Поради кризата зголемен бројот на самоубиства


Италија е позната како белата вдовица откако почна кризата во Европа и откако се воведоа строги мерки за штедење во земјите. мерките тешко ги поднесоа жителите во овие земји.

Еден многу важен податок кој привлече внимание е тоа дека бројот на самоубиства во Грција е драстично зголемен. Само во првата половина од минатата година самоубиствата пораснале за 40 % и од година во година растат, покажуваат податоците на грчкото министерство за здравство.

Во Велика Британија, која не е дел до еврозоната, но земја чија економја е во рецесија, кризата која што ја зафати европа во 2008 година, доведе до нови 1000 самоубиства.

Ниту Германија не е во подобра позиција. На секој 53 минути, во Германија некој си го одзема животот. Над 10 000 лица во 2010 година си го одзеле животот, а голем број од германците се обиделе да си го одземат животот.

Според  европските истражувања, кризата која никако да исчезне е причина поради која луѓето наместо да ги решаваат финансиските проблеми тие си го одземаат животот. До пред пет години речиси цела Европа живееше во раскош и никој не беше навикнат да штеди. Новите мерки за штедење, намалувањето на платите, се нешто на на што народот во европа не може да се навикне дури ни по цели пет години од владеењето на кризата. Економската криза е една од главата причина поради која луѓето паѓаат во депресија но наместо да се борат со тоа, како најлесен начин го гледаат одземањето на животот.

Tags: ,

Ирена Чачкова

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1