Поради националистичко скандирање прекинат мечот Куманово -Лирија – еден навивач повреден


Последниот четвртфинален натпревар во кошаркарскиот Куп на Македонија, помеѓу екипите на Лирија и Куманово е прекинат поради националистички скандирања на навивачките групи на двата тима.

prekin kumani2 golemaДелегатот на натпреварот во договор со судиската тројка се реши на ваков чекор, откако претходно официјалниот спикер на неколку наврати ги предупреди навивачите да престанат со националистичките скандирања.

Истиот ќе продолжи кога ќе бидат испразнати трибините.

Инаку мечот е прекинат во 15-та минута при резултат 32:31 за екипата на Лирија.

Пред очите на кошаркарите на Куманово нивните верни навивачи беа испратени низ излезната врата на „Борис Трајковски“, па сега со автобуси ќе го напуштат главниот град. При реакцијата на полиција настрада и еден навивач на кумановци, кому мораше да му биде дадена медицинска помош пред да може да ја напушти салата.

prekin kumani3Претставниците на МКФ претходно најавија дека мечот нема да биде продолжен додека не бидат испразнети и двете трибини – по што фановите на Лирија мирно ја напуштија салата. Сега во СЦ „Борис Трајковски“ останаа само уште околу 300 навивачи, кои се во исчекување на официјалните лица и на конечната одлука дали и кога овој меч ќе се доигра. Првичните информации се дека средбата ќе биде завршена вечерва, но се уште нема официјална потврда за такво нешто.

Повеќе инфо и фотографии на Екипа.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1