19 годишната Сара Вилис е обвинета за убиството на Билал Садик (29) кој на 18 август би избоден со нож и починал во болница. Деновиве во тек е судењето на Сара – таа негира дека го убила.
Сара и Билал биле во врска 3 години. Уште на почетокот на врската, додека била на училиште, таа преминала во Ислам. Се облекувала со западни облеки но секогаш ги покривала рацете и нозете. Билал секогаш и забележувал кога ќе облече нешто тесно или кусо.
На 18 август минатата година тој отишол да ја земе од работа. Кога забележал дека во исто време од работа си заминува нејзин колега, се посомневал дека има врска со него. Во него се сомневал и претходно, бидејќи открил дека контактираат на Фејсбук.
Заминале во нивниот дом во Блекбурн и почнале кавга. Тој ја обвинувал за изневерување, ја фатил за косата, а таа почнала да си ги собира работите за да го напушти.
Во судницата Сара тврдела дека ги зела ножевите од кујна бидејќи биле нејзини, заедно со другите работи кои и припаѓале, а тој ја фатил за раката во која држела нож и самиот си го зарил ножот во ногата.
– Ајде удри ме, зарил ми го ножот ако ме мразиш – наводно и велел Билал, ја фатил за раката и самиот си го забодел ножот
Ножот пробил артерија, Билал почнал силно да крвари и по еден час бил мртов во болницата во Блекбурн.
Поранешната девојка на Билал во судницата тврдела дека тој никогаш не бил насилен. И признал дека се кара со Сара, но и рекол дека има намера да се ожени со неа.
Сосетка која ја видела Сара по инцидентот тврди дека таа била многу вознемирена. Викнале брза помош, а Сара велела дека се се случило поради глупава караница. девојката тврдела дека ако Билал умре и таа ќе се убие.
Обвинета е за убиство. Таа го негира делото. Судењето продолжува.