Кои брендови наскоро ќе влезат во Македонија?


Модните брендови Х&М, С&А и Дајхаман и рестораните за брза храна КФЦ во наредните три години доаѓаат во Македонија, дознава неофицијални „Капитал“.Според нашите информации, може да се очекува ресторан на КФЦ во Скопје да се отвори уште годинава. Неофицијално дознаваме дека и модниот бренд Ескада го испитувал теренот за влез на македонскиот пазар преку една од фирмите која веќе носи брендови во земјава.brendovi
Но, од Ескада барале локација за дуќан во чија околина ќе има продавници на барем 3-4 бренда од овој ранг, што било многу тешко да се обезбеди. Општиот впечаток е дека познатите светски брендови како да ја заобиколуваат Македонија. Балканските земји влегоа во мапите на се повеќе модни брендови, индустрија за мебел и домаќинство, фаст-фуд ресторани, а Македонија е последна во редот. Словенија и Хрватска се првата дестинација на Балканот за меѓународните брендови, како Икеа, Зара, Х&М, Мохито, Лего, Pizza Hut, Mac…
На нивните пазари се присутни и скапи брендови. Македонија е последната и многу од брендовите кои веќе се присутни во регионот во земјава ги нема. Македонија не е атрактивен пазар за меѓународните компании, пред се, од модната индустрија бидејќи носење на еден бренд бара голема инвестиција (околу еден милион евра во старт), а приходите на инвеститорот се ограничени и многу помали отколку во другите земји. Проблемот е ниската куповна моќ на населението, дури и за брендовите кои спаѓаат во средната класа. За скапите брендови не станува ни збор да влезат во Македонија.
На пример, дури пред две години свои продавници во Македонија отворија дел од брендовите на Индитекс групацијата – Зара, Масимо Дути, Страдивариус, Бершка и тоа во новоотворениот трговски центар Сити мол. Во центарот на Скопје се уште ги нема иако во сите метрополи имаат свои продавници и на prime локација во централното градско подрачје. Во другите земји во регионот се присутни со години. Интересно е и дека овие брендови влегоа директно, со отворање на своја фирма, а не преку франшиза. Тоа е уште еден момент, кој сега е последица на фактот дека пазарот на франшизи веќе замира. Но, очигледно нема ни фирми во земјава кои можат или сакаат да инвестираат многу пари во трговски бизнис со меѓународен бренд.

Капитал.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1