Наместо вчера, како што беше планирано, транспортот на телото на трагично починатиот штипјанец Сашко Коцев (33) ќе се случи на крајот на март, јави телевизијата Стар. Бидејќи се собрани многу малку пари, остатокот се понудила да го покрие Исламската верска заедница на Република Македонија.
Имено, по падот на германскиот авион на француските Алпи, постојат технички проблеми кај авиопревозниците кои се затекнати од настанот, порадишто е одложен транспортот на телото. Една од причините е што се бара нова авиокомпанија која ќе го транспортира телото на Коцев.
Смејството било известено дека транспортот ќе се изврши следната седмица и веќе на почетокот на април се очекува да пристигне во Македонија.
Во меѓувреме, се уште трае и акцијата за прибирање на средства која ја започна општина Штип и затоа уште еднаш се апелира до сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, каде цената на донацијата е 100 денари од повик односно 118 денари сосе ДДВ.
Сите оние кои сакаат да донираат поголема сума, можат средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ Тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака, „донација за Сашко Коцев“.
Но ефектите од оваа акција се многу слаби, пишува Нова Македонија, а потребната сума понудила да ја дополни Исламската верска заедница на Република Македонија.
– Завчера се уплатени 1.300 евра како услов да се продолжи со постапката за транспорт на телото – изјава Драган Ристов, советник за односи со јавноста во општина Штип.
Ова е проблем кој секојдневно станува се поголем, зашто речиси 100 евра дневно поголеми се трошоците за закуп на место во шпанската мртовечница. Овој трошок досега никој не го калкулираше зашто сите беа убедени дека парите ќе се соберат за најмногу 3-4 дена, пишува Нова Македонија.
За транспорт на православниот христијанин Сашко Коцев, парите кои недостасуваат се понуди да ги собере ИВЗ.
– Тие контактираа со нас и најавија дека ќе ги активираат нивните членови да донираат – кажа Ристов.