Поради педофилија Папата Франциск го исфрли сплитскиот фратар


Папата Франциск лично нареди да се исфрли од редот на Фрањевците сплитскиот фратар Грацијано , откако призна дека злоставувал момчиња.

Сплитскиот фратар Фрацијано Стипе Гашперов е исфрлен од редот на Фрањевците по лична наредба на Папата Франциск. Тој призна дека сексуално злоставувал малолетни момчиња , тврдејќи дека тоа била негова грешка.

,,Папата го разреши свештеникот од сите обврски , кои произлегуваат од светиот ред , со што трајно му се забранува ставање сакрамент , поучување или каква било активност поврзана со црквата . “ , се наведува во соопштението.

На 1 август стапува на сила забраната , информираат од католичката црква. Против свештеникот била поведена црковна истрага , која завршила на 11 мај , а по три дена документацијата и била предадена на Апостолската нунцијатура во Загреб. Било утврдено дека фратарот е виновен за злоставување на пет деца

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1