Актерката Шенон Доерти неодамна призна дека се бори со ракот на дојка, а сега откри страшни последици од својата болест.
Четириесет и четири годишната актерка изјавила дека наскоро ќе мора да оди на операција.
Шенон која се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“ открива дека поради лечењето нема да може да има деца.
-Сопругот и јас сакавме деца, но сега најверојатно ќе мора да посвоиме, изјавила актерката и додала дека се уште не го отстранила туморот и уште пие лекови од кои се надева дека истиот ќе се намали.
Според нејзините зборови, таа е подготвена на сѐ, па и мастектомија бидејќи сака да остане жива и да остари со сопругот. На Шенон ракот и е дијагностициран во март 2015 година, но откриен е доцна.