Поради синот наркоман што уби четири лица, пратеничката даде оставка


Ден по четирикратното убиство пред ноќниот клуб „Анте Гранд“ во Тирана од досегашната истрага потврдено е дека осомничен за убиствата е Констандин Џувели, син на пратеничката од социјалистичката партија Луиза и познатиот албански режисер Ѓерѓ Џувели, јави дописникот на МИА од Тирана.

Полицијата уапси три лица едниот од нив поради немање докази е ослободен додека другиот се сомничи за помагање. Кај Џувани е пронајден и пиштолот со кој пукал. Уапсен бил на седумдесеттина метри од местото каде се случил инцидентот при обид да избега. При апсењето дал отпор, дури се обидел да поткупи еден од полицајците да го пушти да побегне. Според медиумите тој и претходно бил во полициската евиденција и оти  наводно бил наркозависник. Пред полицијата се бранел дека на ништо не се сеќава.konstandin-juvani

Според очевидци расправијата во клубот почнала поради доза на кокаин која му била потребна на Џувели но наводно немал пари да ја плати.

Убиениот Арбр Демирај (19) син на поранешен јавен обвинител загинал при обид да ги смири, додека италијанскиот државјанин Паоло Азоло од заталкан куршум.

Мајката на Констандин, Луиза Џувели си поднесе оставка од пратеник. Таа најпрво изрази длабоко сочуство до семејствата на убиените  и за овој трагиен настан побара правда.

– Мојот син не е дете, тој е маж, има 26 години. Настанот е многу трагичен. Не дај боже да му се случи вакво нешто како мене на ни еден родител. Јас сум мајка на Констандин и тој секогаш ќе биде мој син. Правдата нека го направи своето, изјави таа.

Албанската опозициска Демократска партија и нивниот поранешен лидер Сали Бериша, во  остра реакција за четирикратно убиство, ја обвинија власта дека ги заштитува криминалците.

Ваквите обвинувања на опозицијата ги отфрли премиерот Еди Рама, нагласувајќи дека правдата е еднаква за сите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1