Француското правосудство утврди на Марк Мешан да му се исплатат 663.320 евра за штетите што му биле нанесени со една судска грешка, поради која тој во затвор минал 2.126 дена, без да постои основаност за тоа, пренесоа француските медиуми.
Машен, осуден во две судски инстанци во 2004 и 2005 година за убиството на жена, извршено на 1 декември 2001 година на еден од мостовите над Сена во Париз, за време на третиот судски процес, што завршил во 2012 годинана, на крајот беше ослободен од вината.
Во меѓувреме, во март 2008 година вистинскиот извршител на убиството и се предал на полицијата.
Откако беше ослободен Машен поднесе тужба и побара да му се исплати отштета од 1,99 милиона евра за претрпените штети за деновите што неправедно ги минал во затворот.
Судот утврди дека на Машен треба да му бидат исплатени 600.000 евра за претрпените морални штети и уште 63.320 евра за претрпените материјални штети. Тој има 10 дена да ја обжали одлуката на судот.
Ова е едно од најголемите досудени обештетувања во Франција за нанесени штети што се должат на судска грешка.