Поради Тоше научила македонски и дошла во Крушево – Македонија пак и дарила љубов


tose1

Уште како средношколка, Наташа Ѓаковиќ, имала големи соништа и ги следела своите желби, иако ги немала многу. Нејзина единствена желба била да го запознае Тоше Проески.

Светот на Наташа се срушил кога дознала дека Тоше прерано го напуштил овој свет. Била потресена, болна неколку дена и во шок и неверување себе сама да си признае дека Тоше повеќе не е физички меѓу нас.Љубовта кон Тоше ја натерала да го научи македонскиот јазик и обичаи. Во потрагата по неговиот гроб, таа ја запознала и вистинската љубов на нејзиниот живот – нејзиното момче Јордан Мартиновски.

„Среќна сум и силно врзана за Македонија, пријателите и денес не ме разбираат од каде толкава љубов што ме натера да научам и обичаи и јазик и сè. Mногу ми е тешко што Тоше не е повеќе жив, па да можам заедно со моето момче да одам на негов концерт во Скопје. Судбината ми одредила поинаков тек и цел живот ќе жалам за Тоше, но верувам дека Бог ми го даде Јордан, за да имам некој со кого ќе ја споделам тагата по него.“ – пишува doznajemo.com

tose3

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1