Власите на Сараевската жупанија во средата донесоа одлука за прекин на наставата во сите основни и средни училишта во главниот град на Босна и Херцеговина, одговарајќи на критиките на граѓаните и еколошките здруженија поради нивниот пасивен однос кон сé поголемото загадување на воздухот.
„Причината за запирање на наставата е податокот дека е зголемена загаденоста на воздухот во подолг период, според некои информации најдолго во последните децении, и дека таа предизвикала здравствени проблеми кај голем број деца, што со оваа мерка ќе се нарави одби да се стабилизира“, се наведува во соопштението на сараевската жупанија што го цитираа медиумите.
Министерот за образование Елвир Казазовиќ потврди дека одлуката останува на сила додека загадувањето не се намали, односно додека не се променат метеоролошките услови. Изјави и дека загадувањето не е такво дека треба да се прекине наставата, која инаку трае до 31-ви декември, но одлуката била донесена „поради притисокот од родителите“.
На владините интернет страници во средата немаше истакнато никакви податоци за моменталното загадување на воздухот во главниот град, но минатата седмица беа објавени показатели со некои мерни станици во Сараево за алармантните зголемувања на концентрациите од штетните честички.
Концентрацијата во воздухот во Сараево била поголема од 300 микрограми на квадратен метар, а за Сараево важи мерката за квалитетот на воздухот според која за прифатлива се смета концентрацијата од 40 микрограми. Во Европската унија оваа граница 25 микрограми.
Сараевските медиуми истакнуваат дека во градот во зимските месеци загадувањата ги предизвикуваат крутите горива за ложење, со многу високиот број стари автомобили кои не ги задоволуваат минималните еколошки стандарди.
Состојбата на приправност во Сараево поради загадувањето на воздухот во практика не значи ништо, бидејќи тоа се сведува на препораки и совети кои не се обврзувачки за ниеден субјект, забележува јавноста. Така, на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од домовите, да не ги отвораат прозорците и да го намалат пушењето, а на полицијата да ги контролира возилата и да утврди кои од нив не ги задоволуваат минималните еколошки стандарди.
Медиумите, забележуваат дека владата директно предизвикала влошување на состојбата дозволувајќи увоз на десетици користени автобуси од Турција наменети за градскиот сообраќај. Тие автобуси имаат мотори на ниво Еуро и чија употреба е одамна забранета, па во Сараево беа направени измени на законот за да можат да се пуштат во сообраќај ваквите, како што велат активистите, „еколошки бомби“.
Експертот за квалитетот на воздухот Мартин Таис предупреди дека состојбата долгорочно ќе се промени само доколку се прекине со непланското градење повеќекатници на правците на струење на воздухот и решавањето на проблемот со сообраќајните метежи во Сараево