Новинарите на „Вест“ синоќа по втор пат излегоа на протест, блокирајќи ја крстосницата кај Тифани во близина на зградата на Владата, јави синоќа Либертас.

Foto – Libertas
Носејќи бели маички на кои пишува „Македонија вработува“, и „Дуинг бизнис- Груевски вработи не“, тие искажаа револт поради непродолжувањето на договорот на главниот уредник Горан Михајловски.
Распишан бил и конкурсот за ново лице на главната и одговорна уредничка позиција.
Вечерашниот протест, според нив, е да алармираат дека сакаат професионално и слободно новинарство, нешто што менаџментот според нив, последниве години им го попречувал.
Овој протест на новинарите на „Вест“ е втор по оној од јуни годинава кога излегоа и протестираа пред канцелариите на менаџментот на МПМ, компанијата која го издава весникот.
Михајловски ќе мора да си замине на 31-ви месецов затоа што му истекува договорот.