На брегот на Неретва исплива љубовна порака во шише, која била испратена од Канада пред 28 години.
Случајни минувачи се изненадиле кога нашле порака во шише додека го чистеле брегот на Неретва, а во него имало љубовно писмо напишано во далечната 1985 година.
Помеѓу отпадоците тие нашле шише, во кое имало писмо од Нова Шкотска, Канада.
-Мери, ти се прекрасна личност, се надевам дека ќе останеме во контакт. Реков дека ќе ти пишам. Засекогаш ќе ти останам пријател. Џонатан, Нова Шкотска, 1985, пишува на писмото.Нова Шкотска е канадска провинција во Атлантскиот Океан. На ова љубовно писмо му требале 28 години за да исплива на брегот на Неретва.