Пораки на Ахмети и Бајрами за „Монструм“: Наликува на сцена од војната во Југославија


Дел од СМС пораките кои беа прочитани на рочиште за случајот „Монструм“ меѓусебе ги испраќале обвинителот Џелал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 24 април во 7.34 часот.

  • „Чекаме претседателе, нема многу јаки докази. Јасно се гледа дека биле професионалци. И на премиерот му реков. Не се случувало вака да егзекутираат деца од зад грб. Ова го немаше ниту во војната во Косово, ниту во војната во 2001 година. Ако некој сакал дестабилизација ќе нападнел униформирани лица, полициска станица… Мене ми наликува на сцени од војната во поранешна Југославија. Биле професионалци, не оставиле никакви траги, освен на трагите на гумите од автомобилот, му вели Бајрами на Ахмети.

На прашањето на Ахмети дали имало биолошки траги, тој вели најдени се две траги внатре, но не одговараат на оние кои досега биле испрашани.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1