Поранешниот доминикански свештеник Марк Дауд за Си Ен-Ен изјави дека поголемиот дел од католички свештеници се хомосексуалци.
Дауд, кој е отворено геј, и сега работи како новинар, зборувајќи за скандалот што ја потресе Црквата на новинарката Christiane Amanpur и рече дека хомосексуалците се “премногу застапени” во Католичката Црква.
– Најмалку половина, ако не и повеќе, од луѓето кои се во редовите на свештенството се геј – рече тој.
Тој тврди дека неговата информација е базирана на неформални разговори со официјални црковни лица, како и на лично искуство.