Во трагедијата која му се случи на Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица, меѓу нив беше и претседателот на клубот. Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште 4 лица
Денес со соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентиети, а една од нив Нурсара Скунами која е поранешна мис на Тајланд. Таа била прогласена Меѓу жртвите е и првата придружничка на мис Тајланд од 2005 година, Нурсара Сукнамаи, а била дел од семејството на сопственикот на Лестер.
Нурсари беше активна на друштвените мрежи, а често објавуваше и фотографии од натпреварите на англискиот клуб, како и со фудбалерите на „лисиците“.
Урнатиот хеликоптер бил во сопственост на сопственикот на Лестер и петтиот најбогат Тајланѓанец, Вишаи Шривадханапрабха, а во несреќата покрај него, загинаа и неговите соработници Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и копилотката Изабела Роза Лековиц, која инаку е и негова партнерка.
Изабела Роза Леховиц е Свофер биле во врска долго време и заедно го управувале хеликоптерот во отсуство на првиот пилот кој во саботата имал слободен ден. Свофер има над 20-годишно искуство од управување со хеликоптери, меѓу другото превезувал и лица од кралското британско семејство, а во Англија сега е херој бидејќи успеал да го однесе хеликоптерот до празниот паркинг и на тој начин спасил десетици човечки животи.