Хрватска ја предаде на претставниците на правосудството на Босна и Херцеговина, Слободанка Тошиќ (29), државјанка на таа земја по која е распишана меѓународна потерница поради учество во организирана криминална група. Имено, Тошиќ е една од обвинетите во предметот кој правосудните органи на БиХ го водат под името „Кукла“.
Таа побегна од БиХ откако судењето почна во април 2014 година, а по распишувањето на меѓународната потерница, уапсена е во Хрватска. Во предметот со кодно име „Кукла“ поголемиот број обвинети се судат за кривичното дело организиран криминал. Обвинението се однесува на пет убиства, неколку грабежи во кои се украдени повеќе од девет милиони конвертибилни марки (околу 4,5 милиони евра).
Тошиќ е поранешна Мис на Босна и Херцеговина и зајачица на „Плејбој“, некогашна девојка на Дарко Елез кој во Србија и во БиХ беше осудуван за различни кривични дела, вклучувајќи и кражби и убиства. Таа се наоѓа на списокот од 32 лица кои Обвинителството на БиХ ги терети за слични казниви дела.
Медиумите ја поврзуваа со„местенка“ чија цел беше убиство на конкурентот на Елез, Ѓорѓе Ждрала, а со кого исто така извесен период била во врска.