Турскиот суд денес ја осудил поранешната Мис на Турција, Мерве Бујуксарач, на условна казна од 14 месеци поради навредени пратени до претседателот Реџеп Тајип Ердоган преку социјалните мрежи.
Судот заклучил дека 27-годишната манекенка е виновна за навредување на државниот службеник и дека таа, доколку ги повтори истото злосторство, ќе мора да издржува казна затвор, пренесува AP.
Бујуксарач, која во 2006. година била избрана за Мис на Турција, кратко била задржана во притвор поради тоа што на својот профил на Инстаграм во 2014. година објавила сатирична песна за која обвинителите оцениле дека е навредлива по Ердоган, кој во тоа време бил премиер.
Откако станал претседател во 2014. година, Ердоган поднел околу 2.000 тужби за клевета во рамките на законот кој претходно ретко се користел, а кој забранува навредување на претседателот. Судењата по таа основа ја продлабочиле загриженоста поради влошувањето на слободата во земјата која некогаш важела за модел за муслиманската демократија.