Поранешната жена на Берлускони ја доби највисоката алиментација во светот


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја изгуби судската битка за алиментација на бившата сопруга Вероника Ларио.

veronikaСудиите во Милано го отфрлија барањето за намалување на износот на алиментацијата, која изнесува три милиони евра месечно, пренесе агенцијата АНСА.

Сега пред поранешниот премиер има само уште една можност – да поднесе жалба до Врховниот суд. Ларио и Берлускони беа заедно 30 години и имаат три деца.

Според одлуката на судот, 76-годишниот политичар ќе треба да и дава на Вероника Ларио по 36 милиони евра годишно, што е веројатно најголемиата издршка на светот, но ќе задржи целосна контрола над бизнисот и над луксузната вила во околината на Милано.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1