Поранешниот премиер на Србија поднесе кривична против Вучиќ


Поранешниот српски премиер и лидер на Нова странка (НС), Зоран Живковиќ, поднесе денес кривична пријава против сегашниот српски ппретседател Александар Вучиќ и минисретот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Живковиќ во Обвинитеството за организиран криминал поднесе кривична пријава и против таткото на министерот на полицијата Бранко Стефановиќ и против поранешниот директор на фабриката за оружје „Крушик“ од Ваљево, Младен Петковиќ.

Живковиќ, како што самиот кажа, во кривичната пријава го обвинува Вучиќ дека „од 2017 година има организирано криминална група, која ја сочинувале Небојша и Бранко Стефановиќ и Младен Петковиќ, кои по една третина од пазарната вредност продавале оружје од фабриката Крушик, со посредство на фирмата ГИМ- чиј посредник бил таткото на министерот за внатрешни работи на Србија.“

На тој начин, на Крушик му е нанесена загуба во работењето, изјави Живковиќ.

– Досега, за криминалот со трговијата со оружје посочуваа свиркачите, но време е да се покренат кривични пријави за вакви престапи – порача лидерот Живковиќ пред канцеларијата за организиран криминал во Белград.

Тој, го обвини Вучиќ дека после настапот на свиркачот Александар Обрадовиќ за малверзациите во Крушик, (кој работи во таа фабрика и со одлука на судот се наоѓа во домашен притвор поради одавање на деловна тајна,) ги „заштитил Небојша и Бранко Стефановиќ“ со што „го забранил нивниото кривично гонење, изнесувајќи лаги“ за нивната улога во трговијата со оружје.

Живковиќ, исто така, најави дека ќе поднесе кривична пријава против Вучиќ и за „прикривање“ на убијците на Оливер Ивановиќ, со образложение дека претседателот на Србија повеќе пати во јавноста кажал дека знае кои се убијците, без да го запознае обвинителството за тие негови сознанија.

Околу „аферата со фирмата ГИМ и продажбата на оружје“, за која српската опозиција изминатиов месец ја обвинува за вмешаност власта, и за која имаше и протести во рамките на редовните саботни протести „1 од 5 милини“, денес се огласи и пратеничката и потпретседателка на Странката за слобода и правда (ССП), Мариника Тепиќ, која презентираше фотографии настанати во магацините на српското МВР на Авала, каде се гледаат сандаци и палети со оружје, со налепници и декларации на спорната приватна фирма ГИМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1